Познат по својот богат вкус и арома, циметот сѐ повеќе се препознава како ефикасно средство во програмите за слабеење. Оваа билка не само што го подобрува вкусот на храната и на пијалаците туку обезбедува и многу здравствени придобивки, вклучувајќи и регулирање на нивото на шеќер во крвта и намалување на апетитот. Циметот помага да се намалат скоковите на инсулинот, хормон што влијае на складирањето на маснотиите во телото. Исто така, циметот го намалува нивото на лошиот холестерол и го подобрува метаболизмот, што придонесува за побрзо согорување на калориите. Покрај тоа, циметот има способност да го намали апетитот, што може да помогне во контролата на внесувањето храна.
Вклучувањето цимет во вашата секојдневна исхрана може да биде едноставно и вкусно.
Растворете едно лажиче цимет во чаша топла вода, а потоа додајте едно лажиче мед. Овој пијалак пијте го наутро на празен стомак, околу 30 минути пред појадокот. Пијалакот се препорачува да се приготви навечер и да се остави во фрижидер прекуноќ.
Во чаша кефир со малку маснотии додајте едно лажиче цимет и пет рендани јаболка. Добро измешајте ја смесата. Овој пијалак може да послужи како лесна закуска или замена за вечера.
Во претходно сварен црн чај додајте малку обезмастено млеко и прстофат цимет. Овој топол пијалак може да биде одличен сојузник во процесот на слабеење.
Во сок или јогурт додајте едно лажиче цимет, малку мелен црн пипер, едно лажиче мед и едно лажиче мелен ѓумбир. Консумирајте го овој пијалок еднаш на секои два дена.
Мерки на претпазливост при користење цимет: иако циметот дава многу придобивки, важно е да се придржувате до препорачаните дози и да бидете свесни за можните контраиндикации. Некои луѓе можеби се чувствителни на цимет, па затоа е препорачливо да се консултирате со лекар пред да го вклучите во вашата исхрана. Особено се препорачува претпазливост за бремени жени, доилки и лица со висок крвен притисок Со внесување цимет во секојдневната исхрана, заедно со урамнотежена исхрана и редовна физичка активност, можете да постигнете подобри резултати во процесот на слабеење и да го подобрите вашето општо здравје.