Во галеријата КО-РА – мал салон, е отворeна втората самостојна изложба на Емил Стаменов, еден од најстарите членови на ликовниот клуб КО-РА, основан од познатиот македонски уметник Ѓоко Матевски. Основите на ликовната уметност во тој период ги осознава и Емил Стаменов, кој првите дела ги твори во тогашниот ликовен клуб КО-РА под раководство на Ѓоко Матевски.
По тридецениско самостојно истражување, Емил Стаменов се претставува со дела создадени во текот на 2025 година, инспирирани од мотивите на старото Скопје, пејзажи, рурална и медитеранска архитектура, ентериери, мртва природа со музички инструменти. Неговите дела ги карактеризира потребата за наративност, непосредно отсликување на пределот, кој го инспирира со својата автентичност, потрагата по внатрешна хармонија, дијалогот со природата, со трагите од едно изминато време, проникнување во малите детали, во изразот во духот на наивната уметност. Оваа изложба е во рамките на програмата што го афирмира аматеризмот.