Археолозите открија воена тврдина стара 3.500 години во северната пустина Синај, недалеку од медитеранскиот брег. Тврдината со површина од околу 8.000 квадратни метри содржи ѕид во цикцак-облик и остатоци од печка што укажува на секојдневниот живот на војниците, пишува „Лајв сајенс“.
Археолозите проценуваат дека гарнизонот имал меѓу 400 и 700 војници. Откритието се поврзува со владеењето на фараонот Тутмес Први, кој го проширил египетското царство во регионот на денешна Сирија.
Тврдината е лоцирана во Тел ел Харуби, близу древниот Хорусов воен пат, кој ја поврзувал делтата на Нил со источниот Медитеран. Тимот истражува можност за постоење на соседно пристаниште, кое го снабдувало гарнизонот. Досега се пронајдени 11 одбранбени кули, станбени објекти за војниците и вулканска камења. На некои грнчарии се втиснати имињата на Тутмес Први, што го потврдува периодот на градба. Египетските и странските експерти оценуваат дека ископувањата значително ќе го проширaт разбирањето за военото присуство на Египет во североисточен Синај. Ископувањата и анализата на артефактите се во тек.


































