Фото: Пиксабеј

ДАЛИ ЗНАЕТЕ

Врапците се капат на два начина – со помош на вода или во прашина. Ним им се допаѓа да престојуваат во бари и помали водни површини, но и да бидат во песок, кој исто така го користат за „капење“. Врапците се веројатно единствените птици во светот што користат два начина за чистење на своите перја.
За разлика од нив, колибрито не се натопува, туку лебди над површината на водата и потоа нурнува кон неа, за при самиот контакт со водата да го смени правецот и да се вивне во воздухот. Морските птици, пак, сакаат да ја користат водата за „капење“, а некои од нив се вистински мајстори во тоа.