Апликациите за испорака на храна почнаа да го доживуваат својот брз раст неколку години пред пандемијата. Нивниот развој започна во Кина и во САД, а набрзо се прошири низ Европа. Оттогаш, според истражувањата, тие бележат постојан раст и популарност. Неодамна излегоа најновите податоци од Евростат за тоа каде луѓето во Европа најмногу нарачуваат храна преку платформите за испорака. Што велат бројките? Да почнеме со земјите што најмногу го прават тоа.
Земјите каде што концептот на нарачка на достава е најпопуларен во последните три месеци се: Англија со високи 54 отсто, Холандија со 55 отсто и Малта со дури 67 отсто клиенти. Дури 42 отсто од населението нарачува испорака во Шпанија, 44 отсто во Грција, 46 отсто во Швајцарија, 48 отсто во Турција и 49 отсто во Ирска.
Летонија бележи 23 отсто, Германија 25 отсто, Бугарија 27 отсто, Шведска 28 отсто, Белгија 31 отсто, Словачка 32 отсто, Романија 33 отсто, Австрија и Чешка 35 отсто, Црна Гора 38 отсто, Португалија 39 отсто, Естонија 40 отсто и Унгарија и Финска 41 отсто.
Србија е на самото дно на скалата со само 8 отсто од населението што нарачува храна преку платформи за испорака. Следуваат Полска со 18 отсто, Италија со 19 отсто, потоа Словенија и Франција со 20 отсто, Босна и Херцеговина со 21 отсто, а сличен тренд следи и Хрватска со нешто повисоки 22 отсто. И покрај многубројните доставувачи што ги среќаваме на улица, се чини дека според горенаведените статистики во Европа тоа не е толку голем процент.