Нега и убавина
Долготрајното носење високи потпетици може да остави последици на стапалата и на долниот дел на нозете. Сепак, оваа честа и непријатна болка може значително да се намали со една едноставна вежба.
Анатомијата на долниот дел на ногата, освен честото носење високи потпетици, може да ја нарушат и лошите обувки, како и лошото одење. Физикалните терапевти советуваат да се направи една вежба, која подразбира одење на петици, бидејќи тоа може да помогне кај рехабилитацијата на благите повреди на потколеницата и кај напнатите мускули.
Вежбата може да ја правите на тој начин што ќе тргнете прво со чекорење на петица и потоа полека ќе го спуштате целото стапало. Предниот тибијален мускул е долг и ја потпира потколеницата. Со виткање на стапалото или со виткање на ножните прсти кон потколеницата се активира таа група мускули. Исто така, чекорењето на петица ги става во рамнотежа мускулите што ги насочуваат ножните прсти кон подот.
Жените што често носат високи потпетици го прифаќаат прсти-петица начинот на чекорење што ги слабее мускулите на долниот дел на нозете. Тоа може да влијае на дисбаланс на карлицата и да доведе до проблеми со грбот. Со повремено чекорење на петица може да се реши проблемот со умереното носење високи потпетици и да дојде до поправање на дисбалансот во долниот дел на нозете.