Научниците од институтот за невронаука „Рокфелер“ неодамна открија дека ефектите на ултразвучните бранови на мозокот може да бидат клучни во борбата против зависноста од опиоиди и други супстанции. За да го направат тоа, тие конструирале специјален уред како шлем, вреден милион долари, кој ги испушта овие високофреквентни бранови, насочувајќи ги кон клучниот дел од мозокот одговорен за награда, мотивација и зависност. Употребата на високофреквентни звучни бранови досега е испитувана за третман на Алцхајмерова болест, тумори и психијатриски нарушувања.
– Тоа е во основа операција на мозокот без операција – вели д-р Али Р. Резаи, директор на институтот за невронаука „Рокфелер“.
Истражувачите ја завршуваат почетната фаза од клиничкото испитување, кое во голема мера е финансирано од Националниот институт за злоупотреба на дроги. Сепак, тие предупредуваат дека третманот не е лек и треба да се користи заедно со други терапии. Дури и ако технологијата успее, може да поминат години пред Управата за храна и лекови (ФДА) да одобри ултразвук за третман на зависност. Останува нејасно што прават звучните бранови во мозокот. Д-р Резаи се сомнева дека вибрациите ја менуваат мембраната на јадрото, менувајќи го функционирањето на клетките и суштински го ресетираат мозокот. Без оглед на механизмот, рече тој, изливот на звучни бранови за 15-20 минути покажува брзо намалување на желбата за опијати. Новиот метод е медицинска процедура што вклучува вметнување две мали електроди во дупки во черепот до област во мозокот поврзана со награди. Истражувачите се надеваат дека со отстранување на системот за наградување што предизвикува желба за алкохол или дрога, луѓето ќе можат полесно да управуваат со секојдневните предизвикувачи или стресни фактори што водат до зависност.
Сегашните методи на лекување бараат од зависникот да зема лекови што го блокираат чувството на еуфорија што се јавува по земањето дрога или алкохол. Истражувачите тестираат дали ултразвучните бранови можат да ги преквалификуваат мозочните клетки што создаваат зависност. Методот на лекување со ултразвук претходно беше тестиран на 20 пациенти. Овие испитаници користеле дроги во поголемиот дел од својот живот, а по третманот откриле дека желбата за дрога им паднала речиси на нула. Околу 75 отсто од нив сѐ уште биле „чисти“ неколку месеци подоцна.