Фото: Пиксабеј

Недостигот од магнезиумот може да доведе до болка и грчеви во мускулите и да го направи нервниот систем на целото тело чувствителен. Голем број возрасни луѓе се борат со недостигот од магнезиум во организмот, така што се одлучуваат за внесување на овој минерал преку додатоци во исхраната.
Магнезиумот, сепак, може да се надомести и преку специфична исхрана и консумирање одредени намирници. Особено богато со магнезиум е сирењето од соја – тофу. Во 65 грама тофу има 37 милиграми магнезиум. Ова количество задоволува 43 проценти од дневните потреби за калциум. Тофуто му дава на организмот и доволно дневно количество железо, кое му е потребно на телото за да произведува хемоглобин. Тофуто е неутрално сирење и ќе го збогати вкусот на која било храна со која се комбинира за време на готвењето. Најбогато со магнезиум е белото тофу, кое е погодно за приготвување сложени солени јадења, каде што е потребно да се пропржи. Можете да го јадете со тестенини или со ориз. Дименото тофу, пак, главно се користи како готов, ладен деликатес за сендвичи, а се додава и при готвење, ако сакаме да му дадеме димен вкус на некое јадење.