Фото: Фејсбук

Светот се збогува со великанот на рок музиката – Ози Озборн, кој вчера засекогаш ја напушти музичката сцена.

Британските медиуми јавија дека славаната хевиметал ѕвезда починала во кругот на семејството, опкружен со љубов и внимание. Принцот на темнината како што го нарекуваа Ози Озборн (76) пред три недели го одржа својот последен концерт во Бирмингем, и покрај неговото нарушено здравје, ова беше витсински спектакл, а приходот беше наменет за хумани цели.

Ози, чие вистинско име беше Џон Мичел, ќе остане запаметен како вокалист на „Блек Сабат“ и по брјните хитови како „Paranoid“, „War Pigs“, „Iron Man“, „Crazy Train“ и многу други. Овој музички џин како што го нарекуваат, имаше огромно влијание врз историјата на рок музиката.

Најголемите музичари на денешнината со пригодни објави на социјалните мрежи се простија од Ози.

Брајан Меј од групата „Квин“ напиша: „Многу ме погоди смртта на Ози. Неговото последно појавување во „Вила Парк“ беше прекрасен начин да се збогува со свцената, љубовта кон ова место за него беше огромна. Благодарен сум што можев да разменам со него неколку зборови по концертот“.

За Елтон Џон Ози беше „драг пријател и вистионски музички пиоенер кој го обезбеди своето место во Пнтеонот на рок боговите – вистинска легенда“

На официјалната страница на „Битлси“ по смртта на Ози остана забележано:

„Ози не само што им се восхитуваше на Битлси – тој ги обожаваше.Како осамено дете од работничката класа во Бирмингем, ја слушна „She Loves You“ на радио и тоа запали нешто во него. Таа радост никогаш не го напушти. Ози ги носеше Битлси со себе целиот свој живот – не само во својата музика, туку и во својата душа.Тој не само што го следеше нивниот пат. Тој го искористи за да го изгради својот. Почивај во мир на Принцу на темнината“.

И македонските музичари и јавни личности се простуваат од Ози, апострофирајќи ја неговата огромна важност за рок музиката.

Познатиот музички новинар Драган. Б.Костиќ напиша: „Oзи Озборн , со својот мрачен глас и провокативна појава, стана симбол на отфрлените, на маргинализираните и на сите кои сакаа нешто „повеќе“ од музиката. Тој можеби замина од овој свет, но неговиот глас, неговиот стил и неговата мисија остануваат. Тој не беше само музичар – тој беше движење, мит, икона. Тие што ги кршеле правилата го следеа Ози. Тие што ги создаваа своите исто така“.

М.Т.