Фото: Пиксабеј

Астрономите долго време се обидуваат да утврдат дали Млечниот Пат „се здебелил“ од неколку судири со „мали“ галаксии или пораснал по судир само со една голема. За да тестираат различни теории за ова, астрономите анализирале податоци собрани од европскиот вселенски телескоп „Геа“, кој Европската вселенска агенција го лансира во орбитата околу Земјата во 2013 година. Сателитскиот телескоп создаде тридимензионална мапа од речиси 1,7 милијарда ѕвезди во галаксијата Млечен Пат, од кои многу беа во можност да ги одредат нивната оддалеченост од Земјата и брзината.
– Не очекувавме дека повеќето ѕвезди што го сочинуваат „ореолот“ имаат заедничко потекло – рече Амина Хелми, астрономка на Универзитетот во Гронинген, Холандија, и коавторка на студијата.
Истражувачите беа во можност да го реконструираат доаѓањето на овие ѕвезди во три димензии со текот на времето.
– Овие видеа (реконструкции) им овозможуваат на астрономите да проучуваат како се формирала и еволуирала нашата галаксија – напиша Ким Вен, астроном на Универзитетот во Викторија, Канада, во коментар за студијата.
Амина Хелми и нејзините колеги беа во можност да утврдат дека судирот со друга галаксија се случил пред 10 милијарди години, околу 3,8 милијарди години по Големата експлозија. Тимот ја именувал галаксијата Гаја-Енцелад – по телескопот Гаја и џинот од грчката митологија Енцелад, кој, според древната легенда, бил поразен во битка на џинови и закопан под вулканот Етна во Сицилија, од каде што сè уште се обидува да се извлече, предизвикувајќи земјотреси со вртење.