Стручен настан за доктори на медицина со наслов „Аутизам од дијагноза до достоинство“ се одржа во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. Овој акредитиран медицински настан беше посветен на аутизмот и наменет исклучиво за доктори на медицина. Настанот ги продлабочи знаењата за патот на лицата со аутизам, од дијагноза до достоинствен живот, со системска поддршка.
Говорници и панелисти беа: Филип Дума – детски невролог, Амела Мемиш Апостоловска – психолог, клинички психотерапевт, Магдалена Чакар Маркулеска – психијатар, Леон Мемиш Апостоловски – аутист и јавен застапник. Модератор на настанот беше Александра Сабрас Апостолова, дефектолог. Настанот го организираше Здружението на лекари од Охрид.
































