Фото: Пиксабеј

Шок за Википедија

Британскиот закон ја смести најголемата енциклопедија во светот во истата категорија со Фејсбук и другите големи социјални мрежи. Оттаму се обидоа да ја оспорат одлуката на суд, но не успеаја. Википедија ја изгуби тужбата со која се обиде да ги оспори новите правила во Законот за безбедност на интернет на Велика Британија, за кои тврди дека би можеле да ги загрозат човековите права и безбедноста на нејзините уредници волонтери.

Фондацијата „Викимедија“ – непрофитна организација што ја поддржува онлајн енциклопедијата – сакаше судска ревизија на прописите што би барале од Википедија да ги потврди идентитетите на своите корисници.

Иако загубија, тие се убедени дека пресудата ја нагласува одговорноста на Офком и британската влада да ја заштитат Википедија. Британската влада ја поздрави одлуката на судот. Тие размислуваа Википедија да биде исклучок, но одлучија против тоа.

Фондацијата „Викимедија“ и уредникот на Википедија се обидоа да го оспорат начинот на кој владата одлучи да донесе регулативи што опфаќаат кои страници треба да се класифицираат како категорија 1 според Законот за безбедност на интернет, кој ги содржи најстрогите правила што страниците мора да ги следат. Тие тврдеа дека правилата се логички погрешни и преопширни, па затоа политиката наменета да наметне дополнителни правила на големите компании за социјални медиуми ќе се применува на Википедија. Фондацијата е особено загрижена дека ќе мора да го потврди идентитетот на своите соработници, што би ги нарушило нивната приватност и безбедност. Единствените начини да се избегне класифицирање како категорија 1 би биле да се намали бројот на луѓе во Велика Британија што можат да пристапат до онлајн енциклопедијата за околу три четвртини или да ги оневозможат клучните функции на страницата. Судот ги отфрли аргументите на „Викимедија“. Википедија потенцијално би можела да ја оспори одлуката на Офком доколку регулаторот конечно одлучи да ја класифицира страницата како категорија 1.

Доколку класификацијата на Википедија во категоријата 1 доведе до фактот таа да не може да продолжи да работи, тогаш би можело да следуваат други правни предизвици, па дури и можно исклучување.