Фото: Пиксабеј

Сите имаме амбиции што ги следиме: унапредување на работа, стекнување диплома, пронаоѓање животен партнер или започнување бизнис, но стравот од неуспех нѐ држи во место додека возот на животот минува покрај нас. Тоа е длабоко вкоренет страв што парализира многу луѓе и ги спречува да живеат со целосен потенцијал. Што е тоа што нѐ плаши, особено кога станува збор за неуспехот?

Шеми на размислување што нѐ држат во место

Нашиот ум често создава неточни мисли – когнитивни дисторзии – кои го поттикнуваат стравот од неуспех. Тоа се шеми на размислување што нѐ држат во место. Безброј соништа не пропаднале поради неуспешни обиди, туку затоа што луѓето не се ни обиделе да ги остварат. Анксиозноста нѐ врзува како сидро да тргнеме кон нашите цели.
Прво, неуспехот го сфаќаме лично. Споредувајќи се со успешни луѓе, забораваме дека и тие доживеале многу неуспеси на својот пат кон врвот. Како пример земете ги зборовите на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан: „Пропуштив повеќе од 9.000 шута во мојата кариера. Изгубив речиси 300 натпревари. Дваесет и шест пати верував дека ќе постигнам кош, а промашив. Но се обидував повторно и затоа успеав“. Ако легенда како Џордан доживеала неуспеси, како тогаш вие би можеле да бидете изземени од ова универзално искуство? Клучот не е да го сфатите неуспехот лично, туку да го препознаете како драгоцено искуство за учење низ кое сите поминуваме.

Цената на неуспехот е голема

Нашиот страв го зголемуваме кога мислиме дека сè ќе пропадне ако не успееме. Како резултат на тоа, избегнуваме да се пријавиме за унапредување на работа, за училиште што не интересира или дури и некого да поканиме на кафе. Шансата треба да се сфати како клуч што може да ги отвори вратите. Секојпат кога ризикувате, едноставно фатете го клучот за отклучување на вратите. Што е најлошо што може да се случи ако клучот не одговара? Ќе бидете заглавени во истата реалност држејќи наизглед бескорисен клуч. Ако се плашите од неуспех, вие го гарантирате исходот. Можноста да се отворат вратите е нула проценти. Зошто да не го земете клучот и на тој начин да си дадете шанса?

Извлекување корист од неуспехот

Нашите цели избегнуваме да ги следиме затоа што се плашиме од разочарување и срам што може да произлезат од неуспехот. Сепак, забораваме дека неуспехот е вредно животно искуство, бидејќи ни нуди златна шанса да учиме и да растеме. Всушност, повеќе растеме учејќи од нашите неуспеси отколку од успесите. Ако не успеам, тогаш сум неуспешен. Неуспехот е емоционално болен. Кога не успеваме, доживуваме срам и намалување на сопствената вредност. Неуспехот нема одраз на нашата вредност. Тој може да биде индикатор дека има простор за личен раст. Избегнуваме нешто да преземеме затоа што се фиксираме исклучиво на она што би можело да тргне наопаку. Сепак, не земеме предвид дека секој медал има две страни. Одржувањето на сегашната состојба може да чини многу.