Експерт за спиење тврди дека положбата на која страна од креветот спиете открива многу за вашата личност. Оние што спијат на левата страна се сметаат за покреативни, помирни и самоуверени. Меѓутоа, за оние што спијат на десната страна се вели дека имаат тенденција да заработат повеќе пари.
Истражувањето од 2021 година, спроведено од „Уанпул“, во име на компанијата „Сламбер клауд“, анкетираше 2.000 Американци и ги праша учесниците на која страна од креветот спијат и како би ја опишале својата личност. Студијата покажа дека оние што спијат од левата страна почесто се опишуваат себеси како опуштени, весели и имагинативни. Спијачите на десната страна беа генерално понегативни во ставот. Сепак, тие исто така имаат тенденција да заработат повеќе пари.
Хоуп Бастин, психолог и експертка за спиење во компанијата „Симба“, за „Космополитен“ изјави дека овие резултати ги поддржуваат претходните истражувања што покажуваат дека луѓето што спијат на левата страна веројатно имаат повесел дух во споредба со оние што ја претпочитаат десната страна.
– Позитивната перспектива им овозможува на леваците подобро да се справат со тешките оптоварувања, што значи дека не е лесно да им се одвлекува вниманието за време на стресен ден. Оние што спијат на левата страна веруваат дека се помирни од партнерот во кризни ситуации и генерално се посамоуверени – додаде таа.
Исто така, се наведува дека оние што спијат на левата страна веројатно се позадоволни од својата работа во споредба со оние што спијат на десната страна.
– Иако можеби имаат попесимистички поглед, спијачите на десната страна се исто така реални и подготвени за најлошите сценарија – рече Бастин.
Експертите претходно сугерираа дека изборот на положбата за спиење може да биде поврзан со различни нивоа на активност помеѓу двете страни на мозокот. На пример, мозочните региони вклучени во емоциите може да бидат поактивни на левата страна кај некои, што би можело да ја објасни предноста за таа страна.
Студијата исто така истакна дека други фактори, како што е удобноста, играат улога во изборот на која страна од креветот спијат луѓето. Во истражувањето, 40 отсто од луѓето рекле дека ја избираат страната на креветот што им е полесна за станување, додека 30 отсто од луѓето рекле дека одлучуваат врз основа на тоа што претпочита нивниот партнер.
Друго истражување од 2015 година на „Сатва Метрес“ покажа дека мнозинството Американци, односно 60 проценти претпочитаат да спијат на левата страна од креветот. Истражувањето исто така откри дека 58 отсто од мажите спијат на десната страна, како и 50 отсто од жените.