Неверојатно откритие во Кенија
Отпечатоци од стапалки се откриени на територијата на денешна Кенија, покрај брегот на некое езеро. Ова необично откритие покажува дека отпечатоците ги направиле два вида примати, од кои едниот е директен предок на луѓето.
Според научниците, откритието потврдува дека тие живееле рамо до рамо и нуди увид во тоа како би можеле да соработуваат или да се натпреваруваат.
– Отпрвин не знаевме дека се работи за стапалки на два вида примати – вели палеонтологот Кевин Хатала, водач на студијата, додавајќи дека дури по неколкумесечна анализа нејзиниот тим сфатил дека тоа е необично откритие.
Илјадници фосили се откриени во областа околу езерото Туркана во Кенија во текот на децениите, од кои многу му припаѓале на директен човечки предок и биле клучни за разбирање на човечката еволуција.
Фосилизираните отпечатоци од два вида човечки предци, создадени пред околу 1,5 милиони години, укажуваат на тоа дека тие се создадени во период од неколку часа, велат научниците во најновата студија објавена во списанието „Сајенс“.