Голем број припадници на одредена генерација имаат некои заеднички карактеристики, па психотерапевтите почнаа да забележуваат одредени разлики во однос на клиентите припадници на постарите генерации. Станува збор за две генерации „омилени деца“: генерацијата ипсилон, во која спаѓаат родените меѓу 1980 и 1994 година, кои сега имаат меѓу 26 и 40 години, и припадниците на генерацијата зед, позната како интернет-генерација, во која спаѓаат родените меѓу 1995 и 2005 година, кои сега имаат меѓу 15 и 25 години.

Проблемите на новите генерации

Психотерапијата се формираше преку работа со деца што биле прекумерно строго воспитувани, на кои родителите не им покажувале љубов, како и со оние што во детството биле запоставувани или малтретирани. Во што се разликуваат овие две генерации „омилени деца“? Припадниците на генерацијата ипсилон честопати се нарцисоидни, егоцентрични, со нереално позитивна слика за себе, арогантни во комуникација, се стремат кон хедонизам, без работни навики и без вистинска желба да пораснат и да преземат одговорност за себе и другите.
Припадниците на генерацијата зед се попасивни, срамежливи, зависни од родителите, свртени кон содржини на интернет, со поглед постојано вперен во екраните на нивните паметни телефони, поточно во мини-компјутери што погрешно ги нарекуваме телефони.
Покрај пошироките општествени и економски контексти, на формирањето на одредена генерација значително влијае моделот на родителско воспитување, како и медиумските содржини што го преплавуваат умот на децата и младите луѓе.

Какви проблеми имаат овие некогаш сакани деца?

Додека припадниците на генерацијата ипсилон всушност се уништени деца што израснале како жртви на попустливо воспитување што нудеше љубов, но не и дисциплина, на припадниците на генерацијата зед најмногу им влијаела појавата на паметните телефони, кои во ран возрасен период ги „вградија“ во својата личност и така се изложија на претерано влијание на интернет-содржина.
Припадниците на генерацијата ипсилон понесоа од своите семејства доживување дека тие се центарот на светот и така продолжуваат, во поголема или помала мера, да се однесуваат во надворешниот свет: во односите со пријателите, партнерите, во работната околина. Секогаш се во право, не признаваат грешки. Добронамерните критики ги доживуваат како напад врз нивната личност. Бидејќи со текот на времето, и покрај своите способности, а поради недостиг од работни навики, не можат да ја оправдаат својата претерано позитивна слика за себе, вината за неуспех ја префрлаат на другите.
Една истражување покажа дека 80 отсто од нив имаат животна цел да се збогатат, а 50 отсто сакаат да станат познати јавни личности. Претставници на генерацијата зед се преплашени од надворешниот свет, за кој се неподготвени. Се чувствуваат безбедно во своите семејства, со светот комуницираат преку интернет и социјалните мрежи. Многу се загрижени за себе и за своето здравје, имаат лоша слика за себе, но не затоа што родителите не ги фалат и не ги поддржуваат, туку затоа што се чувствуваат неприфатено од врсниците. Во емотивниот развој заостануваат три години. Во оваа група е многу изразена склоноста кон анксиозност и депресивност, а постои и зголемен ризик од самоубиства. Поставувањето дигитални граници и во едната и во другата генерација за физичкиот изглед и привлечноста се основни вредности. Потребно е на детето да му се помогне да развие социјални вештини и да доживее прифаќање во групата на своите врсници. Не треба да се гледа само како се чувства детето, колку е среќно и сакано, туку треба да се потсети дека целта на воспитувањето е градење самостојна и одговорна возрасна личност.