Фото: Н.М.

Истражувачите со години укажуваат на тоа дека сопствениците на домашни миленици имаат понизок степен на стрес и поголемо чувство на среќа. Сепак, долго време остануваше дилемата дали кучето или мачката навистина го зголемуваат животното задоволство и нè прават среќни.

Најновото истражување укажува на тоа дека домашните миленици директно придонесуваат за подобро ментално здравје.

Студијата нуди важни насоки за подобрување на менталното здравје преку вклучување на домашните миленици во заедницата и со тоа за намалување на осаменоста. Истражувањето е засновано на анализирање податоци обезбедени преку долгорочно следење на домаќинства во Обединетото Кралство. Со примена на дополнителни статистички методи, истражувачите заклучиле дека позитивното влијание врз луѓето навистина доаѓа од чувањето домашен миленик, а не обратно.