Фото: Пиксабеј

Во текот на летото самците, односно луѓето што се сингл, размислуваат како да патуваат без друштво, како да го пребродат тој пат и како да се справат со вознемиреноста кога дефинитивно немаат со кого да одат на одмор.

Иако бројот на оваа група туристи расте, многумина сè уште се откажуваат од одењето на море или во странство, за да не талкаат сами по плажата, како и при пливањето и прошетките, или за да избегнат осамени вечери со, според многумина од нив, „тажна“ чаша вино.

Сепак, иако ретко, меѓу самците има и такви што одењето соло на одмор го гледаат како авантура или слобода. Некои дури и како можност да запознаат нови пријатели или партнер. Сепак, некои од нив засекогаш ќе ги паметат своите одмори како непријатни изненадувања, особено ако прифатиле понуда од некои агенции да делат соба со странец.