Пејачката и музичарка Сара Мејс и покрај својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во својот втор дом Македонската опера и балет, го прифати предизвикот на Македонското библиско здружение по повод 30 години постоењето, за овековечување на „Псалм 150“, преку своја уникатна музичка замисла.
– Голема е честа за прифаќање на предизвик, кој се преточи во мелодија од замислениот звук на музичкиот инструмент на Царот Давид, познат како Давидова харфа. Од срце се заблагодарувам на поканата на Македонското библиско друштво за креирање на оригинално македонско музичко дело за Псалм 150 и оживување на библиските записи со звуците на харфата. Оваа песна е со благослов од Македонската православна црква, Македонското библиско здружение и монашкото братство од манастирот Св. Пантелејмон, каде е снимен видео записот. Музичката креација е изворно македонска, а мојата изведба во живо премиерно се оддржа лани во октомври, за време на промоцијата на Книгата со псалми (псалтир), преведен на современ македонски јазик, во издание на здружението, која изобилува со прекрасни псалми од Библијата. Убавината на македонската музика и христијанските православни вредности ми беа мотивација, а воедно и поттик да го замислам звукот на инструментот на библискиот цар Давид и да ја претворам во реалност, како подарок за македонскиот народ пред божиќните празници – вели пејачката и музичарка Сара Мејс.
Сара Мејс и Девојките својата зимска турнеја ја започнаа во декември во Битола, Штип, Крива Паланка, каде продолжија на скопскиот плоштад за дочекот на Нова Година, а настапија и во Охрид на првиот ден од годината. На 10-ти јануари, во велес ќе се реализира нивниот последен концерт, во театарот „Јордан Х. К. – Џинот“, каде ќе настапат со заедно со Камерниот оркестар на Битола. Концертот во Велес е од хуманитарен карактер и сите собрани средства од продадените билети целосно ќе бидат наменети за Црвен крст – Велес и донирани на оние на кои им е најпотребна помош и подадена рака за време на празниците. Ма.Т
Линк од видеото: Sarah Mace – Psalm 150