Фото: Пиксабеј

Дали често сечкате лук затоа што го ставате речиси во секое јадење? Ги сакате неговиот мирис и вкус во храната, но не можете да се ослободите од истиот мирис од рацете. Сепак, денес е многу полесно да го отстраните овој непријатен мирис од рацете отколку порано. Ви претставуваме три едноставни начини да се ослободите од мирисот на лук само за неколку секунди.

ЛИМОН
Покрај тоа што е вкусен додаток во салатите, лимонот е одличен отстранувач на мириси. Исечете го на половина и добро втријте го на делот од прстот што го допрел лукот. Потоа исплакнете ги рацете со вода и тоа е тоа. Мирисот ќе исчезне.

ОЦЕТ И СОДА БИКАРБОНА

Кога немате лимон при рака, ќе ви помогнат и оцетот и содата бикарбона. Потопете ја раката во оцет и наросете сода бикарбона врз неа. Втријте и исплакнете добро со ладна вода.

ПРОБАЈТЕ СО ЛАЖИЦА
Сè што треба да направите е да ставите сапун на раката и да ги измиете рацете под млаз вода додека ги триете од лажица.