„Скопје виа“ е новата музичка сензација на овие простори, етноакустичен состав со препознатлив џипсиџез-звук што ја претставува својата прва авторска песна „Под ова небо“. Овој уникатен џипсиџез-оркестар комбинира театарска експресија, џипсиџез-дух и современ балкански звук, a наскоро најавува нов музички албум и многу хитови
Вокална изведувачка е актерката Јана Стојановска, која е позната по својот сценски инстинкт и силен емоционален израз, кој го носи духот на театарот во музиката, a наедно е и текстописец на новиот хит „Под ова небо“. Музиката и аранжманот се дело на хармоникашот и композитор Мишел Трајковски.
Промоцијата на песната и првиот официјален концерт се одржаа во Скопје, a многубројната публика уживаше во нивниот автентичен настап. Бендот настапува во акустичен состав со врвни музичари: Хилми Баки – виолина, Никола Петрушевски – кларинет, Влатко Пате – ударни инструменти, Кирил Златановски – контрабас, Ташко Грујоски – гитара, Васил Потиров – гитара.
Видеозаписот е во режија на Илија Каров. Директор на фотографија, камера-оператор и монтажа – Никола Грнчаров, камера-оператор – Александар Пауновски.