Интересна приказна за која многумина не знаеле, пренесува Магазин новости.
Без разлика дали ќе го ставиме на влезната врата или со свеќи на свечено поставена маса, тешко е да се замисли празнична декорација без венец.
Дали некогаш сте се запрашале – зошто венец? Зошто токму тој е еден вид симбол на новогодишните и божиќните празници?
Обичајот да се внесуваат зелени гранчиња во куќата за време на празниците датира од 16 век. За да можат големите новогодишни елки да се вклопат во мали соби, им се сечеле големите гранки, а бидејќи ништо не се фрлало, од овие гранки се правеле венци, бидејќи ова е најлесниот облик кој може да се добие од флексибилна гранка од дрво. Таа форма, освен што изгледа убаво, можеше да се закачи и на други места покрај елката.
Кружниот облик има и моќна симболика – победниците на спортските натпревари се украсувале со венци од маслинки, ловор и борови.
Денес, празничниот круг како најсовршена форма го симболизира божественото совршенство. Можат да се најдат широк спектар на венци на продажба, но има и многу начини да ги направите сами.