Илон Маск повторно се впушти во судир со Википедија, овој пат со лансирање онлајн енциклопедија преку својата компанија. Маск објави на Икс (поранешен Твитер) дека работи на проект наречен „Грокипедија“, кој, според неговите зборови, треба да биде „масовно подобрување“ во однос на Википедија.
Откако го презеде Твитер, Маск често ја критикува Википедија, нарекувајќи ја пристрасна, а порано оваа година дури повика и на укинување на финансирањето на оваа страница преку донации. Неговите судири со Википедијата ескалираа и во јануари, кога го критикуваше решението на енциклопедијата да објави статија за него откако на инаугурацијата на Доналд Трамп наводно ја дигнал раката правејќи гест сличен на нацистички поздрав.


































