ИСТРАЖУВАЊЕ НА ВСЕЛЕНАТА
Кога вселенското летало „Нови хоризонти“ на НАСА за првпат сними фотографии од необична лузна во облик на срце на Плутон во 2015 година, многумина се надеваа дека тоа може да ги потврди теориите за подземен океан на далечниот свет. Научниците мислеа дека неговата лева страна е формирана откако друго планетарно тело го погодило Плутон. Космичкиот удар можеби дозволил длабок резервоар на вода да се издигне во јазот, мешајќи се со азотниот гас од атмосферата на Плутон, каде што се кондензирал и замрзнал. Но новото истражување сугерира дека во внатрешноста во Плутон сепак нема океан.
Астрофизичарите користеле напредни компјутерски симулации за да се обидат да симулираат катаклизмичен настан. Тимот покажа како огромен и бавен удар од друго планетарно тело може да ја предизвика необичната лузна доколку тоа е случајно, а не директно. Користејќи компјутерски модели, тие дознале како судирот во античката историја на Плутон, пред да биде целосно формиран, можел да предизвика формирање на левата страна на срцето, карактеристика позната како Спутник Планитиа. Тој дел од лузната е приближно со големина на четвртина од Европа, додека небесното тело со кое се судрил Плутон е споредливо по големината на американската држава Тенеси. Истражувачите го припишуваат светлиот изглед на срцето на белиот азотен мраз што пренесува топлина како конвекциска печка и ја измазнува површината. Азотот, проценуваат тие, се акумулирал во празнината брзо по ударот поради неговата помала висина. Другата страна на срцето е покриена со сличен слој на азотен мраз, иако многу потенок. Иако неговото потекло не е докрај разјаснето, научниците веруваат дека е поврзано со Спутник Планитиа. Јадрото на Плутон е толку студено што карпата останала многу тврда и не се стопила и покрај топлината на ударот. Благодарение на аголот на ударот и малата брзина, јадрото на ударниот удар не потонало во јадрото на Плутон, туку останало недопрено како дамка на него.
Резултатите од истражувањето, спроведено од тим предводен од научници од Универзитетот во Берн во Швајцарија, беа објавени овој месец во списанието „Нејчр астрономи“.