Периодот во кој јадете, гледате телевизија и многу хигиенски навики можеби изгледаат безопасни, но во реалноста тие може скапо да ве чинат. Не можете да одолеете да ѕирнете во фрижидерот доцна навечер? Тоа може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања или од дијабетес, според истражувањето на Националниот автономен универзитет на Мексико во Мексико Сити.
– Оваа навика го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, бидејќи со текот на времето не само што ќе имате високи нивоа на триглицериди по ноќниот оброк туку тоа ќе биде трајно – вели авторот на студијата д-р Руд Бујс.
Триглицеридите се опасни масти во крвта, кои се таложат во масното ткиво и не можете толку лесно да се ослободите од нив. Најдобро би било да јадете што е можно помалку навечер и да има растојание од 11, 12 часа помеѓу вечерниот оброк и појадокот.
Останувањето будни до доцна навечер за да гледате уште една епизода од омилената серија ви го одзема скапоцениот сон. Во една нова студија, оние што гледале премногу телевизија забележале дека се поуморни, имаат повеќе симптоми на несоница и имаат послаб квалитет на сонот. Американската академија за медицина на сон препорачува возрасните да спијат седум часа или повеќе за оптимално здравје.
Ако додадете сол на сè што јадете, може да го загрозите вашето здравје бидејќи премногу солена храна предизвикува 9,5 отсто од сите смртни случаи поврзани со исхраната, според студијата објавена во списанието на Американското медицинско здружение. Премногу сол може да го оштети срцето или бубрезите.
Грицкањето нокти е грда навика, но и опасна. Адам Фридман, вонреден професор по дерматологија на Медицинскиот факултет „Џорџ Вашингтон“, вели дека може да настанат подлабоки инфекции на структурата на прстите. Во вистинската средина, бактеријата може да влезе во крвотокот и на крајот да предизвика сепса, потенцијално опасна по живот.
Појадокот навистина е најважниот оброк во денот и затоа не треба да се прескокнува, смета нутриционистката Дејна Грин.
– Појадокот го регулира вашиот апетит во текот на денот, па прескокнувањето ве тера да јадете повеќе подоцна во текот на денот, што е увертира за прекумерна тежина. И тоа сепак е ризик од срцеви заболувања и смрт – вели Грин.