Фото: Пиксабеј

Многу родители велат дека немаат омилено дете – но нова анализа покажува дека дури и несвесно може да покажуваме наклонетост кон едно дете. Истражување објавено во „Психолошкиот билтен“ анализирало податоци од 30 студии што опфатиле речиси 20.000 испитаници и открило дека родителите почесто покажуваат приврзаност кон ќерките отколку кон синовите.
Студијата покажа дека родителите се склони кон децата што се пријатни, организирани и совесни. Таквите деца често добиваат поголемо внимание, пофалби и помалку критики. Исто така, жените и мажите — мајките и татковците — според оваа анализа, еднакво покажуваат наклонетост кон ќерките. Уште еден фактор што влијае на преференцијата е редоследот на раѓање — постарите деца често добиваат поголема автономија и слобода, што може да изгледа како повластен третман.
Преференцијален третман не значи задолжително отворено фаворизирање, тоа може да бидат ситни гестови: поголемо внимание, помалку критика, поголема доверба или слобода. Овие обрасци може да влијаат врз самодовербата и односот меѓу браќата и сестрите. Децата што чувствуваат дека се помалку омилени често наведуваат послаб емоционален однос со браќата и сестрите и поголемo чувство на неправда. Како родителите можат да ја намалат пристрасноста? Откријте кога инстинктивно реагирате поинаку кон децата и зошто. Еднакво внимание: трудете се времето, пофалбите и критиките да бидат избалансирани меѓу сите деца. Разговарајте со децата за чувствата, обезбедете секое дете да се чувствува значајно и сакано. Кога ќе забележите пристрасност – исправете го својот однос.