Фото: Илустрација/Пекселс

Автор: Д-р Гордана Маџункова

Пеленскиот осип е чест кај бебињата во текот на првата година, а најчесто се јавува помеѓу 9-12 месеци. Тој најчесто се јавува поради постојаната влажност во пеленската регија. Може да ја појави и после започнување со дохрана на бебето или, пак, ако бебето прима антибиотици. Осипот и црвенилото под пелените најчесто се појавува и наоѓа на местото каде што пелената ја допира кожата – газето, бедрата и гениталиите.
Најчести причини кои го предизвикуваат црвенилото и осипот кај бебињата 
1. Ако пелената е многу стегната и ако нејзините краеви ја тријат кожата на бебето
2. Ако пелената не се менува доволно често, па урината и изметот во тој случај ја иритираат кожата
3. Црвенилото се јавува ако употребувате влажни марамици и пелени кои не му одговараат на бебето, ако прашокот не е доволно исплакнат итн.
4. Користење на антибиотици од страна на мајката која го дои бебето или ако ги прима бебето.
5. Бактериска или габична инфекција поради тоа што топлата и влажна средина која е присутна во пеленската регија е добра подлога за развој на бактерии и габи.
6. Чувствителна кожа како атописки дерматит или егзема.
Основни симптоми на пеленскиот осип се:
– Црвенило, отечена и напната кожа во пеленскиот реион – газето, бутовите и гениталиите.
– Бебето се чувствува непријатно, често е вознемирено, а при бањање на газето со вода или при бришење плаче.
Како да ја спречите појавата на пеленски осип?
– Газето на бебето секогаш да го држите чисто и суво.
– Проверувајте ја пелената на бебето почесто и меувајте ја штом е навлажнета и извалкана.
– Внимателно исчистете ја целата област кога ја менувате пелената. Најдобро е да користите вода за да го одмиете бебето.
– Дозволете кожата на бебето да се исуши пред да коритите нова пелена
– Колку е можно повеќе оставајте го бебето без пелена, особено кога црвенилото веќе е појавено.
– Немојте да користите креми кои содржат борна киселина, камфор, фенол или метил салицилат. Овие материи можат да бидат штетни.
– Избегнувајте влажни марамици кои содржат алкохол или мириси.
– Користете подебел слој на крем.
– После бањање не ја тријте кожата на бебето со крпа, туку впијте ја водата.
– Ако црвенилото продолжува направете промена на видот на пелените, влажните марамици, сапунот, доколку и понатаму постои црвенило обратете се кај лекарот на бебето за совет и лекарска помош.