Речиси целосно бела женка пингвин е забележана на чилеанскиот Антарктик во базата Габриел Гонзалес Видел. Женката е фотографирана како ужива во ледената средина на почетокот на јануари, а му припаѓа на видот генту, кој вообичаено има црно-бели пердуви, но таа е речиси целосно бела.
– Тоа е животно со леукизам, така што иако пигментот е присутен, не е случај со целото тело. Вакви случаи може да се најдат кај различни видови, таквите животни имаат пигмент, но тој не е универзален. Според тоа, можеме да зборуваме за леукизам, кој се разликува од албинизмот, каде што има целосен недостиг од пигмент – рече ветеринарот Диего Пеналозе.
Овие пингвини се многу ретки, а бидејќи ги немаат типичните црно-бели бои, кои служат како камуфлажа при лов на риби, на предаторите им е полесно да ги забележат и ловат.
– Овде сме 14, живееме среде колонија на пингвини Генту. Ги има стотици, тоа е неверојатно. Секој ден гледаме нешто ново. Антарктикот е прекрасно место – рекол фотографот што го забележал пингвинот.