Психолозите истакнуваат дека децата често не умеат директно да ги изразат своите чувства, па нивната тага или незадоволство излегува низ одредени реченици. Кога истите тие се повторуваат, тоа може да биде знак дека детето доживува емотивни тешкотии.
„Никој не ме сака“ – оваа реченица укажува на чувство на осаменост и недостиг од сигурност. Кога детето често вели така, важно е да се обрне внимание на неговата потреба за внимание и прифаќање.
„Сакам да бидам сам/сама“ – повлекувањето и изолацијата може да бидат знак дека детето чувствува тага или се бори со проблеми што не знае како да ги сподели. Иако е нормално децата понекогаш да посакуваат мир, често повторување може да укажува на подлабок проблем.
„Не ми е гајле“ – оваа фраза често прикрива чувство на немоќ. Кога детето губи интерес за работите што порано му носеле радост, тоа може да биде знак дека се чувствува несреќно или разочарано.
„Би сакал да не сум тука“ – ова е сериозен сигнал дека детето чувствува длабока тага или фрустрација. Таквите изјави никогаш не треба да се игнорираат, бидејќи може да укажуваат на чувство на бескорисност или недостиг од надеж.

































