Животни

Иако кучињата се наши најдобри пријатели, нивното лаење понекогаш може да биде иритантно, особено во станбени згради. Иако сите кучиња лаат, одредени раси се по природа тивки, дури и во ситуации што на другите кучиња им предизвикуваат анксиозност.
Кучињата што ретко лаат се полни со самодоверба и се држат до рутина, поради што се чувствуваат сигурно во својата околина. Стручњаците ги означија овие раси како најтивки.
Авганистански крт – тие се меѓу најтивките раси на кучиња. Тие се опуштени и многу поврзани со своите сопственици. Лаат кога чувствуваат анксиозност, бидејќи се одвоени од своите сопственици, но тој проблем може да се реши со помош на тренер за кучиња. Познати по својата тивка и независна природа, авганистанските кртови се нежни кон своите сопственици. Нивното свиленкасто крзно, сепак, бара секојдневна нега, а знаат да бидат и тврдоглави, па затоа не се идеални за секое семејство.
Акита – одлични чувари и лаат само кога предупредуваат на опасност. Тие се врзуваат за мал број луѓе и можат да бидат резервирани кон странци. Конзистентниот тренинг е клучен за оваа раса.
Басенџ – една од најстарите раси на кучиња и се познати по тоа што создаваат звуци што наликуваат на завивање. Иако поголемиот дел од времето се тивки, тие ќе произведат звуци кога се возбудени. Ова е многу енергична раса, која се препорачува за искусни сопственици.
Чау чау – кучиња што по природа се самостојни и изгледаат како мечиња. Лаат само кога чувствуваат опасност. На прв поглед можат да изгледаат агресивно, но тоа е затоа што се заштитнички настроени кон нивните сопственици.