Фото: Пиксабеј

Според психологот Сабрина Романоф од Њујорк, успешните парови ја користат Новата година како можност да ја зајакнат врската преку разговор за заедничките вредности, очекувања и идни планови.
Романоф, која е и експерт за партнерски односи на апликацијата за запознавање „Хајли“ (Hily), за Си-ен-би-си (CNBC) истакнува дека празниците се период кога луѓето прават „лична трансформација“ размислувајќи што сакаат од иднината и дали нивниот партнер се вклопува во тие планови. Според неа, најважното нешто што успешните парови го прават на почетокот на годината се сведува на еден суштински разговор во два дела: осврт на изминатата година и процена на тоа што функционирало во врската, со фокус на моментите на искреност и длабока поврзаност. Додека пак вториот дел се однесува на заеднички поглед кон иднината и на начините како односот може дополнително да се унапреди. Според неа, најважно е желбите за промени да се искажат како поттик, а не како критика.

-Наместо забелешки, разговорот треба да биде исполнет со уважавање. На пример: Ми се допаѓа кога го правиш „ова“ или „тогаш се чувствувам најповрзано со тебе“ – објаснува Романоф.

Целта е партнерите јасно да се искажат што сакаат и каков да биде „патот“ по кој сакаат заедно да одат.