Вечерва е почетокот на првата фестивалска вечер на најдолговечниот фестивал на забавна музика кај нас – „Макфест 2023“.
На сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се претсават млади пејачи, но со голем талент, а некои и со меѓународни настапи.
Од првата фестивалска вечер жирито и публиката, во однос 50:50, ќе изберат пет песни, кои ќе бидат изведени утре на ревијалната вечер, каде ќе слушнеме вкупно 18 фестивалски рефрени.
Вечерва, од 13-те учесници, први ќе настапат членовите на групата „Блу“, кои ќе ја исполнат песната „Рај“.
Македонска телевизија директно ќе го пренесува „Макфест“ на Прва програма, а ќе го емитува и Македонското радио. М.Т.