Промоција на „Основи на сметководството“ од Ирена Бандилова

Денеска, од 12 часот, во Прличевата одаја на НУ библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена Бандилова, „Основи на сметководство (теоретски и практичен дел)“.
Оваа книга претставува спој на стручност, посветеност и искуство. Таа е резултат на потребата за литература и преку нејзината содржина не само што ги објаснува основите на сметководството туку нуди реални ситуации и решенија.
Книгата е погодна за учениците во економските паралелки и сметководителите и на некој начин претставува азбука и водич низ сметководството.
Промотор ќе биде Ивана Милеска.