„Скала“ е школа за дизајн и технологија, која веќе 13 години создава квалитетни кадри за индустриите на новото време
Финалната изложба „Продор“ на студентите од академиите во „Скала“ ќе биде отворена утре, во 20 часот, во просториите на „Паблик рум“ во Скопје. Во рамките на изложбата ќе бидат претставени повеќе од 500 дела на 140 студенти од генерацијата 2023-2024 година.
Публиката ќе има можност да погледне илустрации, филмови, графички дизајн-решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, фотографии, како и работни процеси, технички цртежи и скици.
– Запознајте ја новата дизајн-сцена! Оваа изложба е извонредна можност за нашите студенти да ги претстават своите дела пред пошироката публика, да создадат контакти што ќе им бидат од голема корист за нивниот креативен и професионален развој и, секако, да го прославиме заедничкиот труд од изминатата година – вели Ана Секуловска, наставна координаторка на „Скала“.
„Скала“ е школа за дизајн и технологија, која веќе 13 години создава квалитетни кадри за индустриите на новото време.
– Преку нашата работа ги поттикнуваме креативниот и интелектуалниот потенцијал, како и високите стандарди на нашите студенти, подготвувајќи ги да станат влијателни креатори и иноватори во своите области – изјавија од „Скала“.