Фото: Пиксабеј

Остеопорозата често се нарекува тивка болест бидејќи намалувањето на густината на коските и нивната кршливост можат да поминат незабележано сѐ додека не дојде до скршеница. Стареењето, семејната предиспозиција и хормоналните промени – особено кај жените во менопауза – прават одредени групи да бидат поподложни на оваа болест. Иако медицинските третмани остануваат основа за одржување на здравјето на коските, многумина се свртуваат и кон народните рецепти и масти, кои можат да помогнат во негата и зачувувањето на јачината на коските.

Облоги од зелка

Искуствата покажуваат дека облогите од зелка можат многу да им помогнат на лицата што страдаат од болки во ’рбетот. Листовите зелка можете малку да ги загреете, па да ги ставите на болното место и да ги покриете со памучна крпа. Листовите од зелка може и благо да се исцедат за да го пуштат својот сок, а потоа мокрите облоги да се стават на болното место. Можете да ги покриете со проѕирна фолија и еластичен завој.

Желатинот како лек

Желатинот се смета за природен сојузник на коските и зглобовите на нашето тело. Оставете да преноќи во вода лажица желатин. Утредента ќе ве чека желатинеста смеса, која може да се помеша со јогурт, сок или млеко и да се испие. Секојдневното консумирање на овој напиток нема да ви наштети, туку напротив, ќе придонесе за подобра општа состојба на вашиот организам. Се препорачува и желе или супа од шупливи и рибини коски, кои треба да се варат во газа.

Лековит чај од ѓумбир и куркума

Чајот од ѓумбир и куркума е познат по своите антиинфламаторни својства. Подгответе го на следниов начин: во чаша со врела вода ставете 1 лажичка рендан ѓумбир и 1 лажичка куркума во прав. Оставете го да стои 10 минути пред да го консумирате. Пијте го овој чај двапати дневно за да ги намалите болките во грбот.

Тинктура од ајдучка трава

Наполнете шише со чај од ајдучка трава, па прелијте го чајот со што посилна ракија, затворете, па оставете го на светлина најмалку 10 дена. Кога тинктурата ќе биде готова, секојдневно втривајте ја на болните места.