Хрватската комедија „Седмо небо“, на режисерката и сценаристка Јасна Нанут, е достапна на стриминг-платформата „Макс“. Премиерата на каналот „Ејч-би-о“ ќе биде на 6 јуни, во 20 часот.
Чинот на напуштање на жената и почнување од почеток треба да се извежба! Нино Радман (Крешимир Микиќ) е човек со премногу жени и премалку време. Рецепт за катастрофа во движење. Обидувајќи се да ѝ признае на својата сопруга (Ива Михалиќ) дека се вљубил во друга жена (Ива Јерковиќ Орешки) бара помош од „стручно лице“, чии совети го водат во уште поголем хаос. Поради стравот од жена му, неговата параноја постојано се зголемува, а тој се претвора во темпирана бомба. Оваа комедија со неочекувани пресврти, во која единствено нешто што е поголемо од проблемите на Нино е неговиот притисок, ќе ни покаже дали тој ќе триумфира или ќе доживее крах.
– Во животот ни недостига смеа, особено во овие политички коректни времиња кога сме присилени да го мериме секој збор, па затоа ме радува што „Седмо небо“ е достапен во регионот. Како што често се случува во комедиите, во „Седмо небо“ сè е наопаку. Она што некогаш кај Аломодовар беше жена на раб на нервен слом, денес тоа е мажот. Но обидувајќи се да го достигне седмото небо, главниот лик Нино сè повеќе се заплеткува во сопствените лаги, а со секој нов обид да ја признае горчливата вистина пред сопругата, сè повеќе почнува да се плаши од неа. Машките гледачи од Загорје, кои се препознаа во него, рекоа дека ова не е комедија, туку хорор што значи дека треба да се гледа на сопствена одговорност – изјави режисерката и сценаристка Јасна Нанут.
Овој шармантен филм за човек на раб на нервен слом од критичарите е прогласен за „најслатко нешто во новата хрватска кинематографија“.
Во главните улоги настапуваат Крешимир Микиќ, Ива Јерковиќ Орешки, Ива Михалиќ, Никша Бутиер, Дејан Аќимовиќ, Петар Ќиритовиќ и Марио Петрековиќ. Режисерка е Јасна Нанут, продуцент е Хрвое Освадиќ, а тие двајца се и сценаристи на филмот.