Изложба насловена „Прегрнати лузни“ на Мартина Спасовска ќе биде отворена на 3 септември, во 20 часот, во Центарот за современи уметности во Скопје (мобилна/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата).
– На оваа изложба ќе биде претставена инсталација од отпаден текстил, со која продолжувам да го истражувам и претставувам човечкото тело како главен елемент, особено фокусирајќи се на прашањата за човечката идентификација преку мотивите на лузните како физички и симболички белези – вели авторката.
Изложбата ќе биде отворена до 15 септември.