Ако имате проблеми со интернетот во вашиот стан, причината не мора да биде сигналот што доаѓа од операторот. Понекогаш решението е многу поедноставно, а вие не би ни помислиле на тоа. Проблемот може да бидат предмети или уреди во вашето домаќинство што им пречат на сигналите. Најчестиот, верувале или не, тоа може да биде и огледало!
Некои огледала, особено големите ѕидни огледала, можат да влијаат на јачината на интернет-сигналот бидејќи се направени од тенок слој метал што обично предизвикува ваков тип пречки, пишува „Сан“. Затоа се советува рутерот да го држите најмалку на еден метар подалеку од огледалото.
Експертите предлагаат да пробате уште една едноставна работа – „тестот за контакт со очи“. Тоа всушност значи дека најдобро би било, ако е можно, да го чувате рутерот онаму каде што ви е најпотребен, односно онаму каде што можете да го видите.
Ако имате проблеми со вашиот интернет-сигнал, можеби ќе сакате да пробате и различни типови на рутери. Тие работат така што добиваат сигнал од централниот рутер и потоа го пренасочуваат. Тие можат да бидат добро решение за големи згради, каде што има многу ѕидови или некои поголеми предмети што можат да бидат пречка.