Четврта година по ред од 3 до 7 јуни на спортските терени и во Градскиот парк во Велес ќе се одржат „Спортските игри – Велес“, настан што прерасна во вистински спортски бренд на градот и пошироко. Настанот има цел да ги промовира физичката активност, тимската работа и солидарноста преку вклучување млади, спортисти, институции, организации и сите граѓани што се залагаат за здрав и активен начин на живот.
Спортските игри претставуваат најголем спортски настан од ваков карактер во државата. Настанот има цел да ги промовира физичката активност, тимската работа и солидарноста преку вклучување млади, спортисти, институции, организации и сите граѓани што се залагаат за здрав и активен начин на живот. Пет дена – пет спорта: одбојка на песок, тенис, баскет 3х3, мал фудбал, како и многу други активности како ден за деца, ден за лица со посебни потреби, крводарителска акција и рагби-работилница се предвидени од организаторите.
– Особено сме горди што оваа година настанот „Спортски игри – Велес“ повторно добива меѓународен карактер, со учество на натпреварувачи од Шпанија, Италија, Србија, Украина и од многу други земји – велат од организациски тим на „Спортски игри – Велес“.