Легендарната пејачка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, соопшти нејзиниот портпарол.
– Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“ – изјави тој и додаде:
– Со нејзиното заминување, светот загуби голема музичка легенда.
Погребот ќе биде приватен, со блиски пријатели и семејството.
– Бараме да ја почитувате приватноста на нејзиното семејство во овој тежок момент – рече портпаролот на Тина Тарнер.
Последните неколку година, таа се борила со канцер, кој и бил дијагностициран во 2016, додека пак во 2017 година имала трансплантација на бубрег.
Тина Тарнер е една од најпопуларните пејачки во светот со повеќе од 180 милиони продадени албуми ширум светот.
Нејзини најголеми музички хитови во кариерата се: Simply the best, Proud Marry, I don’t Wanna Loose you, 1984, What’s Love Got to Do with it, I Can’t Stand the Rain, Help, River deep – Mountain High – и сингл што го отпеа со Ајк, We Don’t Need Another Hero…