Пејачката Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика, почина на 77-годишна возраст.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет.
Како пејачка на народна музика, беше позната по песните „Запејте мераклии“, „Цела вечер ќе ти пејам“, „Верувај ми“, „Усни румени“, „Те видов, и се заљубив“, „Иле Илија“ и многу други.