Нега и убавина

Ако сè уште не сте ги подготвиле стапалата за сезоната на отворени чевли, сега е навистина време да го направите тоа.
Најчесто мораме посебно да ги третираме петиците, за кои се знае дека имаат тврда и испукана кожа. Доколку немате време да одите на професионален педикир, ви предлагаме еден едноставен рецепт. Покрај тоа што е ефикасен, веќе ги имате сите состојки што ви се потребни за да направите пенлив гел во вашата кујна.
Состојки:
¼ чаша средство за плакнење на устата
¼ чаша оцет
½ чаша топла вода
Постапка: Измешајте ги сите состојки од списокот, а потоа потопете ги стапалата во смесата 10-15 минути. Ако немате камен за петици, можете да користите кујнски сунѓер за да ги истриете петиците.
Овој третман дава најдобри резултати ако го правите пред спиење. Добро намачкајте ги стапалата со густ хидратантен крем за стапала. Обујте чорапи за кремот да се апсорбира што подобро. Повторувајте го овој третман по потреба. За да ја одржите меката кожа на стапалата, пред спиење секогаш нанесувајте хранлив крем на стапалата.