Задржувањето на водата може да предизвика надуеност, отекување на рацете и на нозете и општо чувство на тежина, а постои одличен рецепт за тоа како брзо да се елиминира водата, по што ќе се чувствувате „полесни“ на вагата за само неколку дена.
Акумулација на вода или периферен едем е состојба на насобирање меѓуклеточна течност и тоа е причината зошто може да се чувствувате надуено, и покрај тоа што обрнувате внимание на вашата исхрана и доволно вежбате. Овој проблем е уште почест во летните денови, кога надвор е многу жешко. Стапалата отекуваат, а рацете и нозете стануваат тешки откако водата излегува од лимфниот систем и се акумулира во околното ткиво.
Нозете се најмногу погодени – тие стануваат подебели и потешки. Се разбира, може да бидат засегнати и рацете, прстите, па дури и лицето и абдоменот. Притоа, многу лесно може да се открие дали станува збор за периферен едем – притиснете ја погодената област со прстите и држете неколку секунди. Ако се формира видлива вдлабнатина која полека се враќа во првобитната состојба, тогаш навистина станува збор за задржување на водата.
Имајте на ум дека исфрлањето на вишокот течност од телото е многу важно. Преку урината се излачуваат сите токсини, бактерии и други штетни материи, а научно е докажано дека магдоносот е одличен диуретик, како и силен антиоксиданс.
Се препорачува консумирање чај од магдонос, но никогаш не треба да се претера со неговата употреба, односно не смее да се пие повеќе од еден литар ваков чај на ден.
Чајот е лесен за приготвување, само додадете 5 лажици сечкан магдонос во литар зовриена вода. Оставете го да отстои околу 20 минути, а потоа исцедете го или пијте го заедно со исечканиот магдонос.
Калиумот го регулира количеството вода во нашиот организам. Кога имаме премалку калиум во нашето тело, тогаш доаѓа до непријатна акумулација на вода, а солта, алкохолот или недоволното пиење вода може да бидат причина за тоа.
Совет: јадете повеќе сушено овошје, банани, лубеници и дињи, компири, киноа и авокадо – тие содржат многу калиум.