Нема потреба да барате скапи и егзотични состојки, туку важно е како ќе ги комбинирате и приготвите. Експертите одат и чекор подалеку, па тврдат дека е неопходно да се знае ботаниката на храната. На пример, горчливото овошје и слаткиот зеленчук може да предизвикаат конфузија. За ботаничарите доматот е овошје. Од друга страна, бананата е зеленчук како краставицата. Истото е и со боранијата, која расте, цвета и содржи семиња, што ја прави плод.
Готвачите учат вешто да комбинираат широк спектар на храна. На пример, овошјето и месото се добра комбинација, но само не претерувајте. Слатко-киселиот и сочен ананас ќе му дадат сосема нова димензија и арома на свинското месо. Според препораката на нутриционистот, месото од дивеч треба да биде вклучено во менито најмалку двапати месечно, што, на пример, со суви сливи звучи примамливо, а прелиено со свеж сок од портокал нуди сосема нов вкус. Од друга страна, компирот со месо во истиот оброк не се препорачува. Оризот, кнедлите, сирењето, лебот и јајцата не треба да бидат во иста чинија со месото, а мешунките се добредојдени.
Само доколку знаете како да ја комбинирате храната, можете слободно да создадете смели комбинации на вкусови и ароми. Познато е дека млечните производи одлично се комбинираат со кисела храна, како што е комбинацијата од младо крем-сирење и свежи цреши. Похрабра варијација е со лубеница или сосема друга, банана и кромид заедно во ист сос. Но рецептот постои како совршен прелив за варен ориз, компири и месо, бидејќи целосно го менува вкусот на овие традиционални јадења.
Има бескрајна листа на она што оди, а што не оди во чинија и уште подолг список како да се справиме со храната за да ни донесе поголема корист и задоволство. Медот, на пример, не треба да се загрева или да се готви како додаток на јадењата, па затоа е најдобар како засладувач за топол чај, но никогаш претопол. Млекото не треба да се меша со месо, месни производи, специјалитети од риба, кисели и солени јадења.