Нема да верувате за што може да служи сода бикарбона во автомобилот – но кога ќе застуди, ќе бидете благодарни. Ако оваа зима немате сода бикарбона во автомобилот, ризикувате повеќе отколку што мислите, затоа што содата да ви помогне да се извлечете од непријатни ситуации на замрзнат пат, а во исто време е евтина и лесно достапна. Ако вашиот автомобил заглави во снег или на мраз, не паничете! Едноставно посипете малку сода бикарбона пред погонските тркала. Содата ќе го зголеми триењето помеѓу гумата и лизгавата површина и ќе ви помогне да се извлечете.
Зошто содата е подобра од песок или сол? Таа е често подобар избор бидејќи е помалку абразивна и еколошки поприфатлива. Нема да ја оштети бојата на вашиот автомобил, ниту ќе ја контаминира околината како солта.
Освен што ќе ви помогне да се извлечете од снегот, содата е феноменална и за неутрализирање на непријатните мириси. Посипете малку сода на седиштата или подните теписи, оставете да стои неколку часа (или прекуноќ), па исчистете ја со правосмукалка. Автомобилот ќе мириса многу посвежо, без хемикалии.
































