Пештерата Тиншемет е позната по своите археолошки и антрополошки артефакти, но новите ископувања откриваат човечки погребувања, први од периодот на средниот палеолит, пронајдени во последните 50 години. Ова значајно откритие покажува дека праисториските луѓе уште во тој период имале сложени социјални и духовни традиции
Научниците дојдоа до револуционерно откритие за историјата на човештвото, кое датира од пред 110.000 години. Археолошките ископувања во пештерата Тиншемет во Израел открија нови податоци за хомосапиенсите и нивната поврзаност со неандерталците.
Пештерата Тиншемет позната по своите артефакти
Истражувањето, објавено во списанието „Нејчр хјуман бихејвиор“, нуди докази дека овие две човечки групи не само што коегзистирале туку и разменувале технологии, културни практики и погребни обичаи.
Пештерата Тиншемет е позната по своите археолошки и антрополошки артефакти, но новите ископувања откриваат човечки погребувања, први од периодот на средниот палеолит, пронајдени во последните 50 години. Ова значајно откритие покажува дека праисториските луѓе уште во тој период имале сложени социјални и духовни традиции.
Долго време се веруваше дека хомосапиенсите и неандерталците биле ривали, но новите докази укажуваат на тоа дека тие активно соработувале и разменувале знаења. Истражувањето анализира четири клучни аспекти – изработка на камени алатки, ловечки стратегии, симболичко однесување и социјална сложеност. Заклучокот е дека различните групи луѓе, вклучително и неандерталците, комуницирале и учеле едни од други, што довело до културно изедначување и нови иновации.
Луѓето од тој период развиле симболичко изразување
Меѓу најинтересните наоди е обилната употреба на минерални пигменти, особено охра, која можела да се користи за телесна декорација или обележување на социјалните групи.
Ова покажува дека луѓето од тој период веќе развиле начини на симболичко изразување и идентификација. Истражувачите исто така открија дека формалните погребни обичаи за првпат се појавуваат во Израел пред околу 110.000 години, што веројатно е резултат на зголемените социјални интеракции меѓу различните групи.
Според професорот Јоси Зајднер од Универзитетот во Ерусалим, пештерата Тиншемет сведочи за тоа дека различни човечки групи еволуирале заедно, разменувале знаења. Ова откритие сугерира дека нашите предци биле многу поповрзани отколку што се мислеше.