Фото: Пиксабеј

ВРЕДНО ОТКРИТИЕ

Пронајдениот накит и пигментите од школки претставуваат експлозија на симболичко изразување, со украси, социјална диференцијација и потврда на идентитетот, обично поврзан со хомо сапиенс. Пред 55-42 илјади години, во периодот на горниот палеолит, народот Чателперон живеел на подрачјето на денешна Франција и северна Шпанија. Нивната индустрија на алатки е меѓу најстарите познати во овој дел од светот.
Според новите истражувања, знаеле и како добро да изработат накит од школки. Истражувачите што копале на палеолитското наоѓалиште Ла Рош-а-Пјеро во Сен-Сезер на француското атлантско крајбрежје откриле пигменти и школки, пробиени и непробиени, од периодот Чателперон. Присуството на школки без дупки и недостигот од траги од носење укажува дека се работи за работилница за изработка на накит, најстарата досега во Западна Европа. Приближно во тоа време нашиот вид хомо сапиенс започнал да се шири од Африка, заменувајќи ги последните неандерталци во Европа.
Кому му припаѓале народите од Чателперон? Новото откритие ја комплицира сликата. Истражувачите нашле 37 камени алати од Чателперон, 96 фрагменти црвен и жолт пигмент, како и школки стари најмалку 42 илјади години, вклучувајќи 30 цели, пробиени примероци. Исто така, беа откриени познати неандерталски алатки, како и остатоци од уловени коњи. Школките доаѓаат од атлантскиот брег, кој во тоа време бил околу 100 километри од местото на наоѓалиштето, додека пигментите дошле од место оддалечено 40 км. Ова сугерира дека или постоела разгранета трговска мрежа или луѓето биле мошне подвижни.
Накитот и пигментите од школки претставуваат експлозија на симболичко изразување, со украси, социјална диференцијација и потврда на идентитетот на хомо сапиенсот. Наоѓалиштето сугерира дека чателперонскиот народ припаѓал на хомо сапиенс. Интеракциите помеѓу различните биолошки и културни групи можеби предизвикале пораст на заедничко симболично однесување за време на европскиот горен палеолит.