Има околу 50 ѕвездени црни дупки што научниците ги откриле на Млечниот Пат. Но оваа е убедливо најголемата досега. Астрономите ја открија најмасивната ѕвездена црна дупка на Млечниот Пат, која е 33 пати поголема од Сонцето и оддалечена е од Земјата 2.000 светлосни години, пишува „Скај њуз“.
Ѕвездена црна дупка се формира при колапс на ѕвезда, а оние досега пронајдени на Млечниот Пат беа околу 10 пати поголеми од масата на Сонцето. Научниците од мисијата Гаја на Европската јужна опсерваторија ја забележале црната дупка откако била забележана ѕвезда што орбитира околу областа. Црната дупка го доби името Гаја БХ3.
– Никој не очекуваше дека во близина ќе најде црна дупка со толку голема маса. Ова е откритие што се случува еднаш во животот – изјави Пасквал Пануцо, астроном од Националниот центар за научни истражувања во Париз.
Се смета дека ѕвездата што орбитира околу неа дава важни информации за тоа како настанала црната дупка, имајќи предвид дека ѕвездите во парот обично се слични. Кога ѕвездите ќе стигнат до крајот на својот живот, повеќето од нив се надувуваат, губат маса и се ладат, создавајќи таканаречени бели џуџиња. Се смета дека црните дупки се формираат кога ѕвездата не содржи тешки елементи и губи помала маса за време на нејзиниот живот. Наместо да се олади во бело џуџе, ѕвездата пропаѓа и формира црна дупка.
Според НАСА, има околу 50 ѕвездени црни дупки што научниците ги откриле на Млечниот Пат. Во јануари, научниците ја открија најстарата црна дупка што датира од раниот универзум пред повеќе од 13 милијарди години.