Кратерот Королев потсетува на огромно снежно поле, но всушност е исполнет со мраз. Кратерот, кој се наоѓа во близината на полето со дини Олимпија Унде, има централна ледена капа со дебелина до 1,8 километар, која останува замрзната во текот на целата година поради уникатниот феномен на „ладна стапица“. Тоа се случува затоа што дното на кратерот, длабоко речиси два километра, го лади воздухот над мразот, создавајќи стабилен слој ладен воздух што го спречува топењето на мразот. Овој ефект е засилен бидејќи воздухот е слаб спроводник на топлина, што го држи кратерот трајно под мраз.
Фотографиите направени од стереокамерата со висока резолуција одбележуваат 15 години од почетокот на мисијата на вселенското летало, кое влезе во орбитата на Марс на 25 декември 2003 година. Кратерот Королев е именуван по Сергеј Королев, пионер на советската вселенска технологија, познат по својата работа на програмите „Спутник“ и „Восток“, како и по раните меѓупланетарни мисии.
– Возбудливо е што радарските сигнали се совпаѓаат со она што очекуваме да го видиме од слоевитиот мраз и се слични на сигналите што ги гледаме од поларните капи на Марс, за кои знаеме дека се многу богати со мраз – рече водечкиот истражувач Томас Вотерс од институтот „Смитсонијан“ во Соединетите Американски Држави.
Наслагите се дебели, се протегаат 3,7 км под земја и се покриени со кора од стврдната пепел и сува прашина дебела неколку стотици метри. Мразот не е чист блок, туку е силно контаминиран со прашина. Иако присуството на мраз во близината на екваторот на Марс ја прави локацијата подостапна за идните мисии со екипаж, фактот дека е закопан толку длабоко значи дека пристапот до мразот би бил тежок.