Во ревијалната програма на националниот евровизиски избор во Романија настапија неколку актуелни евровизиски претставници од други земји. Нашата Андреа која за првпат ја изведе песната „Circles“ во живо и тоа премиерно во нејзината финална верзија..

Романската национална телевизија „ТВР“ викендов го одбра својот евровизиски претставник за Торино. Домаќинот приреди импресивно шоу насловено „Селекција национала“ (Selecţia Naţională) со десетмина финалисти, но и со гости од други земји со програма атрактивна за сите евровизиските фанови ширум Европа.

Симпатиите на домашната публика и жирито ги освои „ВРС“ со песната „Llamame“.

Во ревијалната програма настапија актуелните евровизиски претставници од Бугарија, Молдавија, Црна Гора, Албанија, Чешка, Естонија и нашата Андреа која за првпат ја изведе песната „Circles“ во живо и тоа премиерно во нејзината финална верзија.

Поддршка на нашата претставничка во публиката беше и македонскиот амбасадор во Романија и Р. Молдавија, Габриел Атанасов, со кој Андреа оствари средба за време на нејзиниот престој во Букурешт.

Специјална гостинка беше победничката на Евровизија од 2016-та година, украинката Џамала, која ја изведе победничката песна „1944“, испраќајќи порака за мир и прекин на војната помеѓу Русија и Украина.

М.Т